Reminder/update: Ви текнува на постот "предлог поклон за потенцијална женска"?
Неам појма више ни што да кажам ни што да мислам..На девојката и дојде б-дајот и не земав нешо спортско ко шише, хеланки или сет за вежбање него решив да зеам нешто што ќе ја потсеќа на мене секојдневно т.е. розово големо мече околу пола метро високо спакувано со панделка, убав шампањ и ритер спорт(ко демек да не биле две работи, а истовремено да не се чоколатца во форма срце). Све тоа убаво беше кај мене она и интересно си поминавме и прилично беше изненадена и кефна. Фаст форвард недела дена и вчера се возиме низ град и типката ми вика "мн добра личност си криво ми е да кријам од тебе..", не бев многу среќен ама прва помисла "се смири со некој бивши или мувач?", ми вика "технички да али не, се смирив со бившата од 8 месеци, тоа све што ти кажав е вистина само не е 'Симон' него 'Симона'". Тука веќе ми отвори милион и едно прашање и ја глеам како теле дур ми летаат прашачници над глава, она продолжува "Прв пат со машко да се осетам убаво и да ми покажува внимание али не би сакала емоционално да те оштетам, ипак жени ми се врежани уште од мала и ова беше идеа на женска ми да пробам да се 'опраам' али мислам дека сум одлучена, ако ти смета муабетов застани и остави ме". Не испаднав ѓубре и не ја остаив на среде пат него ја однесов до дома и ѝ посакав се најубаво ама цел пат на кај дома ми се вртеше во глава "тенка е границата меѓу добар и глуп"...Не знам што се случува со денешницава, не знам ни дали било кога би се женел иако реално сакам многу деца, но во нормална средина. Дали само јас газам на трули даски, каде излегуваат "нормални" личности и како во општо изгледаат и се однесуваат.
-Разочаран и зачуден/изгубен дечко 28..