Македонска тастатура за Windows со дијакритици Ѝ и Ѐ (плус латинична македонска тастатура)
Пред некое време направив распоред со Microsoft Keyboard Layout Creator (MSKLC) за некои работи кои не ми се допаѓаа со моменталната тастатура на Windows и сега решив да ја споделам тука 😄
Некои измени што ги направив се:
- Поправка на „Undo“ функцијата со
Ctrl+Z
- ова беше едно од главните проблеми, Ctrl-Z станува Ctrl-Y (Redo) функција во некои апликации во оригиналната тастатура. Ѐ
додадена какоAltGr+E
Ѝ
додадена какоAltGr+I
€
додаден какоAltGr+5
Исто така направив и латинична верзија, инспирирана од полската верзија која со AltGr
ги има дијакритиците È
, Ì
, Š
, D̂
, Ǵ
, J̌
, Ḱ
, L̂
, Ž
, Č
, N̂
и Ẑ
на соодветните букви (пример со AltGr+S
се добива Š
) според ISO 9 стандардот
За повеќе инфо и преземање на линкот: Keyboard Layout - Macedonian - Standard со AltGr дијакритици за И/Ѝ и Е/Ѐ