Аеродромската полиција мисли дека може да ги дупи патниците затоа што следат здрав разум

Денес имав искуство кое совршено покажува зошто на толку многу луѓе им е скурчено од неограничените права со кои располагаат полициските службеници. Ситуацијата е оваа: одам на скопскиот аеродром, рано наутро, ненаспан, со цел да стигнам на својот лет. Доаѓам до пасошка контрола и просторот за чекање во редица е целосно ПРАЗЕН. Нема луѓе, нема редица. Само јас. Ама, наместо да ги наместат оградите за чекање за соодветен број на патници, тие ги поставиле како да има редица од Скопје до Солун.

Се пикнав под една ограда, како и секој разумен човек кога очигледно нема потреба да се оди низ лавиринтот. И што се случува? Две полицајки на пасошка контрола почнуваат да плескаат - да ПЛЕСКААТ. Не само тоа, туку кога им приоѓам, едната саркастично прашува: „Мислиш дека можеш да правиш што сакаш?” ко да им влегов в куќа непоканет.

Не престанува тука. Другата, очигледно барајќи причина да ескалира, ме прашува каде одам. Велам Љубљана, и ме прашува: “Вака и таму се однесуваш?” . Да бидам реален - не, бидејќи во Љубљана правилно ќе ги наместеа оградите. Не станува збор за кршење на правила - станува збор за тоа да не се третираат патниците како СТОКА кога ситуацијата не го бара тоа.

Најшокантен е нивниот став. Наместо да поразмислат со главата и да разберат дека патникот само се обидува да стигне до својата дестинација, се однесуваат како диктаторчиња жедни за моќ и очајни за валидација. Дали навистина сакаме полицијата вака да не претставува?

Сфаќам дека остојат правила. Ама, кога правилата се слабо применети или вкрај бесмислени, можеби решението не е да се исмеваат или заплашуваат луѓето што го посочуваат тоа. Можеби е подобро да се оди чекор назад, да се постави оградата подобро и да се направи процесот поефикасен за патниците?

Но не. Наместо тоа, добиваме пасивно-агресивни коментари и занесување. И после се прашуваме зошто се намалува довербата во институциите?

Rant over