Промена на професија, некој совет/мислење ?

По логиката „повеќе глави подобро мислат од една“ го пишувам постов, надевајки се дека ќе слушнам по некој добар совет мислење итн :)

Имено во последно време размислувам за промена на професија. Моментално каде што работам имам скоро па просечна плата, онака лабава ми е работата без некој физички терет и фиксно работно време ама е теренска/прљава (без многу простор за напредок на личен план) и сум во контакт само со постари луѓе па не ми е баш некој предизвик да го работам ова долгорочно.

Па размислувам за промена на кариера во дигитален маркетинг. Не сум комлетен лаик имам некој познавања од водење веб сајтови wordpress, seo, социјални мрежи носење трафик и и сл работи, на времето имав и сајт преку кој заработував со адсенс- пред Македонци да ја зафркнат работата со мешањето на американсктие избори политика трамп и фб алгоритмот скоро и да забрани носење на трафик од фб групите кон надворешни сајтови.

Но нејсе сега опциите ги гледам вака

  1. Да барам јуниор позиција и да си дадам отказ од сегашната работа, ова е секако поризично и “чекор назад“ на почеток барем во поглед на финансиска смисла тешко дека некој би ми дал за јуниор близу 40к. А и прашање е колку би ме примиле без никаков бекраунд во смисла академија и сл (самоук)
  2. Веројатно најлогична опција ми изгледа пракса и тоа во фирми што работат hybrid/remote. Во слободното време кое го имам да се посветам на тоа додека не направам комплетен свич. Од она што имам видено influencers club нудат такви работи и ми изгледаат како ок фирма
  3. Трета опција евентуално да направам niche related сајтови за локален и глобален пазар па нив да ги развивам, да градам публика за евентуално во иднина да ги монетизирам. Ем ќе можам во иднина да ги користам во CV како проекти на кои нешто си сработил, плус постои сериозен потенцијал за заработка - но од друга страна ме кочи што повторно работам сам, се изолирам на некој начин и не можам да учам од други на пример што би било плус работа во фирма како почетник

Инаку ме интересира доста дигитален маркетинг, бизнис related книги и сл. Имам поминато доста курсеви на udemy но и некои што се поскапи од типот masterbox, кешмашина stefangajic

Слободно пишете што мислите, би ми значела секоја помош.
Поздрав