Јас сум геј. Ask me anything
Моментално ми е прилично досадно, се чувствувам баш даун и сакам малку да дискутирам. Бидувањето геј не е единствената особина која ме детерминира, опишува, и означува мене како личност, туку само еден аспект кој можеби е најинтересен за ваков вид на дискусија. И таа особина е причина за најголем дел од мојот недостаток на самодоверба и сите психолошки проблеми со кои се соочувам.