Проблем со турбото на Голф 4

Добар ден добри луѓенца. Ми треба мала помош од вас. Имено дечко ми има Голф МК4 TDI 75 киловати, 2002 година. Од скоро турбото почна да заебава. Во сред возење најчесто на автопат едноставно се гаси и не сака да повлече повеќе. Единствено што го решава "проблемот" во тој момент е гасење и палење на моторот повторно. Ова е краткорочно решение до следното гасење на турбото. До сега е сменето: црева за вакуум, N75 вентилот и неповратниот вентил(check valve). После секоја промена на дел краткорочно(ден-два) имаше подобрување и после тоа по старо. А сега отвара на 3500 обртаи, а треба да отвара на 2000. Плус пак знае да се угаси и да не може колата да прејде повеќе од 2000 обртаи. Нема никаква порака на шал таблата за check engine, или било каков проблем, освен што дава порака service now на давање контакт, ама тој вели дека тоа му се појавува откако ја има колата(земена е половна). Ве молам за совет. Имал ли некој вакво искуство и како го решил?