Социјални служби

Здраво, дали ако се пријави мајката со децата што седат и питачат на семафорот кај соборна црква, би постапил некој од социјалните служби? Имено неколку пати поминувам од тука таа има 3 деца едното го држи во раце и пита, а другите две (одприлика на возраст 4-6 год) трчаат околу колите дури и кога е зелено. Не дај боже некој ќе го удри и ќе биде лошо и за детето а и за шоферот поради невнимание на мајката. Мора да се отстранат од раскрницата додека не е доцна.