Препорака за добар кардиолог, дијагностичар

Здраво дечки, мајка ми (68г) веќе 2-3 години има проблеми со флуктуирачки крвен притисок. Кога ќе се разбуди е 160/90, по доручек паѓа на 90/50. Во изминатите 2 недели, притисокот се качуваше до 180/100 секој ден, по што и’ ги сменија лековите за хипертензија, без среќа со флуктуациите, иако не е толку висок како порано при будење, али пак и’ паѓа, па дури и пониско него предходно, на 80/50.

Не е дебела, нема дијабетес, органите и срцето и се во ред, исто така не е под некој значителен стрес. Од лекови има пробано Скоприл, Амлодипин, Лерканидипин, Лориста, Енап. Минатава недела и’ препишаа Бисопролол, Телмисартан и Хидрохлоротиазид. Без разлика на дозата ги има истите проблеми. Исто има проблеми со рамнотежата, направивме томографија, има мала атрофија во малиот мозок за која допрва ќе треба да ја најдат причината. Го спомнав ова зошто ова почна да се случува од прилика во исто време со флуктуациите во притисокот. Проблемите со рамнотежата значително се намалуваат кога притисокот и’ е во ред. Допрва ќе прави доплер на долните екстремитети, бидејќи има многу испукани капилари по нозете и исто така ќе испитува каротиди.

Вежба насабајле, не пие алкохол, не пуши, јаде храна која не е солена, преработена, мрсна, со други зборови, стварно пази што јаде. Исто така ноќе вика во сон, не знам дали е можно да има sleep apnea, да губи кислород на моменти, дали е воопшто поврзано со се’ ова... Така да, сериозно ми треба добар дијагностичар што нема да ја помине како стока, без да ја сослуша, него стварно ќе може да утврди дали има поврзаност меѓу сите овие симптоми или, ако нема, да и’ најде чаре за притисокот, па за другите работи о том по том.